Ова е единствениот пост-ковид симптом кој многу тешко исчезнува
Има постковид симптом кој никогаш не исчезнува, а загрижувачки се податоците за бројот на луѓе кои го чувствуваат, истакнуваат експертите.
Ако сте прележале корона, тогаш сигурно сте чувствувале долготраен, исцрпувачки замор. Меѓутоа, токму кога мислите дека „доаѓате при себе“, заморот продолжува да ви пречи во секојдневното функционирање.
Експертите се загрижени за бројот на луѓе кои пријавуваат замор, дури и откако ќе закрепнат од вирусот.
„Бидејќи не постои усогласена дефиниција за пост-ковид замор, невозможно е да се даде точниот број на луѓе кои го доживуваат“, вели д-р Наташа Јејтс, доцент на Универзитетот Бонд.
„Проценките значително варираат низ светот. Една студија покажа дека 13-33% од луѓето биле уморни 16-20 недели по почетокот на симптомите. Ова е загрижувачки широко распространет проблем“, откри таа.
Заморот и долготрајниот ковид не се нужно исти
„На почетокот на пандемијата, сфативме дека некои пациенти имаа серија на исцрпувачки симптоми кои се одолговлекуваа со месеци, што сега ги нарекуваме долготраен ковид. Околу 85% од пациентите со оваа состојба доживуваат замор, што ја прави една од најчестите симптоми на постковид.„Тие имаат голем број други симптоми, како што се „магла во мозокот“, главоболки и болки во мускулите“, вели д-р Наташа Јејтс.
Зошто некои луѓе се уморни?
Лекарите и научниците продолжуваат да учат нови работи секој ден за тоа како и зошто некои луѓе доживуваат симптоми како што е продолжен замор, додека други не.
„Гледаме симптоми слични на астма, замор и магла во мозокот, но не сме сигурни зошто тоа се јавува кај некои луѓе, а кај други не или зошто некои луѓе закрепнуваат шест или 12 месеци по инфекцијата. Има луѓе кај кои гледаме само респираторни проблеми како што се отежнато дишење и кашлица.И постои уште една група на пациенти кои може да имаат респираторни симптоми, но имаат и болки во мускулите во зглобовите и проблеми со менталното здравје“, вели д-р Стивен Фокс.