Отпуштени се 1.500 луѓе поради слабо познавање на германскиот јазик


Во кантонот Цирих, дури 1.500 таксисти останаа без работа бидејќи не зборуваат доволно добро германски.

Имено, на почетокот на оваа година стапи на сила нов закон според кој секој што не може да покаже потврда за познавање на јазикот на ниво Б1, не може да добие дозвола за работа како таксист.

Ова го потврди и претседателот на Здружението на таксисти во кантонот Цирих, Георг Ботонакис, кој немал разбирање за таксистите кои останале без работа.

„Кантонот ја информираше такси индустријата за оваа вест пред четири години“, рече Ботонакис.

Тој смета дека таксистите имале време да го научат германскиот јазик.

Имено, според новиот закон, таксистите во кантонот Цирих ќе добијат лиценца само доколку можат да покажат познавање на германскиот јазик барем на ниво Б1.

Дури 1.500 таксисти не можеле да го дадат овој доказ и сега се без работа, пренесуваат швајцарските медиуми, а пренесува магазинот Феникс.

„За некои оваа одлука беше изненадувачка. Сепак, тие се виновни. За новиот закон ги информиравме пред повеќе од четири години“, повтори Ботонакис.

Според него, тоа што толку многу таксисти не го знаеле добро германскиот јазик и штети на такси индустријата.