Откако се „одјави“,Собранието пак заседава
Иако минатата недела спикерот на Собранието објави дека престануваат со работа за да не влијаат на кампањата пред изборите, денес повторно е закажана нова седница – за да се усвои закон кој е предложен од Владата по итна постапка.
Како што извести собраниската служба, по барање на група пратеници од опозицијата и од власта и по нивна меѓусебна координација, денес во 13.30 часот претседателот на Собранието закажал седница за Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновски-Штип и патна делница Кичево-Охрид, по скратена постапка и по предлог на Владата.
Станува збор очигледно за закон со кој се официјализира одлуката на Владата да се продолжи изградбата на делницата Кичево -Oхрид до 31.12 2026 година, т.е. да се озакони уште едното продолжуваљње на рокот за компанијата изведувач „Синохидро“.