Останатите три автобуси на „Беса Транс“ се вратиле во Македонија


Останатите три македонски автобуси, кои превезувале дел од групата од Истанбул до Скопје, рано утринава околу 5 часот поминале низ граничниот премин Гуешево и се вратиле во Северна Македонија, потврдија за БНР граничните власти.

Несреќата предизвика и политичка кавга во Бугарија, откако повеќе експерти обвинија дека  тешката сообраќајна несреќа можеби е резултат на лошата состојба на патот каде што се случи таа, по што партијата ГЕРБ имаше прес конференција и порача дека политичката кампања е завршена и треба да престане водењето политика со мртви луѓе. Тие тврдеа дека патот е во добра состојба.

Сепак од Мистерството за регионален развој ќе ја проверуваат состојбата на патната делница каде што се случи несреќата. Утринава беше формирана работна група и на лице место се  испратени претставници од министерството и Агенцијата за патна инфраструктура.

За пријавите за бројни сигнали за концентрација на сообраќајни незгоди во оваа делница, од бугарските инстотуции соопштија дека  ќе се проверуваат досиејата.

Медиумите пишуваат дека поради лошата состојба патот не бил категоризиран како магистрален и дека уште пред 15 години возачи го предупредиле тогашниот министер за транспорт дека е опасен и дека е прашање на ден кога ќе се случи голема трагедија. Браниците на патот според медиумите се меки, а знаците што треба да осветлуваат навечер се истрошени и не светат така што е тешко возачите да се ориентираат. На патот се собирала исто така вода бидејќи е така коструиран што таа не се одлева туку обратно. Медиумите исто така јавуваат дека патот го градела македонската градеж