Осмо учество на Европско првенство за македонските ракометарки


Женската македонската ракометна репрезентација успеа да се квалификува на Европското првенство 2026 година што од 3 до 20.декември 2026 година ќе се одржува во Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка. Ова за женскиот ракометен национален тим ќе биде осмо учество на Европско, а трето во низа.

Македонските ракометари во групата од квалификациите со Германија, Словенија и Белгија го освоија третото место и како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации од шесте групи заедно со Исланд, Украина и Грција ќе бидат дел од 24-те репрезентации кои ќе учествуваат. Без пласман останаа: Италија и Финска.

Директен пласман на шампионатот имаа земјите ко-домаќини: Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка, како и трите најдобро пласирани селекции од претходното првенство: Данска, Норвешка и Унгарија.

Секако учество преку квалификациите изборија и двете првопласирани репрезентации од шесте групи: Франција, Хрватска, Холандија, Швајцарија, Германија, Словенија, Црна Гора, Фарски острови, Шведска, Србија, Шпанија и Австрија.

Финалето ќе се игра во Катовице, а извлекувањето на групите ќе биде во текот на следната недела, кога ќе бидат познати и ривалките на македонските ракометарки во групата.