Орхан Куртиши од Алтернатива нов директор на Пошта


Фото: Б. Грданоски

Орхан Куртиши од Куманово е новиот директор на Пошта. Тој е претседател на огранокот на Алтернатива во Куманово.

„Ветувам дека оваа задача ќе ја извршувам со одговорност, чест и посветеност во служба на граѓаните! Им благодарам на структурите на огранокот на Алтернатива во Куманово, но и на сите структури на коалицијата Вреди“, објави Куртиши.

Заменик на Куртиши е Николчо Угринов од Струмица. Управниот одбор доби уште пет членови: Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.

Претходно директор на АД Пошта беше Идри Истрефи од ДУИ.