Орбан: Унгарија ја чека најтешката пандемиска недела
Унгарија се очекува да се соочи со својата најтешка недела на пандемијата, почнувајќи од понеделник, изјави премиерот Виктор Орбан.
„Поминуваме низ најмрачните моменти пред зората“, им рече Орбан на радио слушателите за време на неделното интервју, додавајќи дека Унгарија нема да мора да бара помош од странство и ќе може да им помага на другите.
Премиерот рече дека во неделата ќе слушнел од директорите на болниците колку се подготвени за следната недела во однос на бројот на болнички кревети
Според Орбан, повеќето вакцини ќе се соочат со некаква критика, наведувајќи го примерот со вакцината „АстраЗенека“ од Велика Британија-Шведска.
Унгарските научници сега развиваат вакцина, рече Орбан, додавајќи дека иако тоа е подолг процес, тоа мора да се направи затоа што Унгарија сака да има своја вакцина, бидејќи „живееме во ера на епидемии“.
Премиерот исто така ја истакна потребата од дополнителен капацитет за производство, истакнувајќи дека сега ќе се гради голема фабрика во Дебрецин и дека една ќе се гради во Израел, во соработка со тамошните власти.
За една година ќе имаме доволно вакцини, додаде Орбан.
Денеска Унгарија забележа 7.706 нови случаи и 131 смртни случаи. Земјата е во светскиот врв на починати на еден милион жители.