Оптимизам во САД, вработеноста во мај порасна за 2,5 милиони


Вработеноста во САД во мај се зголеми за 2,5 милиони, а стапката на невработеност падна на 13,3 проценти, покажаа податоци кои денеска ги објави Министерството за труд, што е далеку подобро од она што го очекуваа економистите и кои укажуваат дека економскиот пресврт би можел да биде близу.

Економистите, кои ги анкетирал Дау Џонс, очекуваа дека 8,33 милиони работници ќе добијат пониски плати и оти стапката на невработеност ќе се искачи на 19,5 проценти од 14,7 во април, објави Си-Ен-Би-Си.

Доколку беа исполнети очекувањата на Вол Стрит, тоа ќе беше најлошата бројка од Големата депресија.

Сепак, се покажа дека податоците од мај покажуваат дека САД се на пат кон закрепнување.

– Се чини дека штетата од блокадата на целата земја не беше толку сериозна или трајна како што се плашевме пред еден месец, изјави Скот Клемонс, главен стратег за инвестиции во компанијата Браун брадерс Харимен.

И канадската агенција за статистика денеска објави дека во мај во земјата се отворени 289.600 работни места со повторно продолжување со работа на компаниите и олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

Стапката на невработеност се искачи на рекордно високо ниво од 13,7 проценти, надминувајќи го претходниот максимум од 13,1 процент од декември 1982 година.

Некои економисти предвидоа загуба од 500.000 работни места во мај и стапка на невработеност од 15,0 проценти.

Зголемувањето на работните места доаѓа откако во март и април беа загубанеи три милиони работни места, а околу 2,5 милиони луѓе работеа со скратено работно време.

Според канадската агенција за статистика, бројот на луѓе кои работеле помалку од вообичаениот број часови во мај паднал за 292.000.