Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила за комунален отпад

Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила и друг вид опрема за комунален отпад. Целта е да се воспостави современ функционален и еколошки безбеден систем за управување со отпад по европски стандарди. Договорите за набавката на опремата во вредност од 10,7 милиони евра беа потпишани денеска во Владата. Набавката е дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.
Министерот за животна средина и просторно планирање и прв вицепремиер Изет Меџити изјави дека станува збор за најголема комунална набавка со која 18 општини ќе добијат механизација за собирање, транспорт и одлагање на отпад.
– Се обезбедува сеопфатна механизација, контејнери, канти, специјализирани камиони, скип лифтови и кипер возила, сѐ што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпад од страна на комуналните претпријатија во општините во согласност со европските стандарди – рече Меџити.
Тој се заблагодари за финансиската поддршката за реализација на проектот од Финансиската поддршка за оваа набавка е обезбедена преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), со дополнителна помош од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Владата на Шведска преку СИДА.Европската банка за обнова и развој, Швајцарскиот државен секретаријат за економси прашања, Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и Владата на Шведска.
Сите заедно денеска почнуваме едно ново поглавје во унапредување на јавните услуги и заштита на животната средина во овие два региона, посочи Меџити.
Според него, треба да се искористат добрите примери за животната средина од другите држави како што е Словенија.
Прашан дали можеме да го искористиме словенечкиот модел на контејнери за органски отпад, кој откако ќе стане компост би се поставил на опожарените површини, Меџити рече дека треба да имаме одлични релации со словенечките институции, истакнувајќи дека Словенија е успешен пример во спроведување на зелена агенда, и треба да ги искористиме таквите примери.
Како што оцени Синиша Петровиќ од фирмата „Синпекс“ – Битола, со проектот 83 возила ќе добијат комуналните претпријатија во општините во југозападна Македонија, од Дебар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, …. со што, потенцираше, драматично ќе се зголемат капацитетите во оваа област.