Општина Карпош ќе го мери загадувањето од вентилациските канали на угостителските објекти

Општина Карпош започна акција за мерење на загадувачки супстанци на отпадни гасови, кои се концентрирани во вентилациските канали на угостителските објекти.
– Овие мерења ги врши акредитирана фирма по налог на општинскиот инспектор за животна средина. Во таа насока, согласно законските надлежности за одржување квалитетот на амбиенталниот воздух, веднаш по добиените резултати доколку бидат констатирани одредени неправилности, стручните служби од општината ќе спроведат соодветна прекршочна инспекциска постапка до стопанските субјекти, појаснуваат од локалната самоуправа.
Целта на оваа контролна акција е намалување односно спречување на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој директно влијае на квалитетот на живот на карпошани, поточно врз одржување на здравата животна средина, додаваат од општина Карпош.