Општина Арачиново: Не сме веќе „црна овца“, собираме даноци
Општина Арачиново се пофали дека со доаѓањето на новиот градоначалник Ридван Ибраими е зголемена наплатата на локалниот данок и годинава таа досега изнесува околу 100.000 евра. Од таму велат дека фразата „арачиновци не плаќаат данок“ веќе е минато.
„Општина Арачиново од вкупно . регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст“, информира локалната самоуправа. Ова градоначалникот Ибраими го презентирал на вчерашен настан во организација на УСАИД, а на презентацијата Арачиново било место посочено камко „успешна приказна“.
Арачиново, според соопштението на општината, бележи и значително голем раст и во активната транспарентност.
„На крајот од денешната презентација како што рече и самиот gрадоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе ,,црна овца” туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу поголеми oпштини и финансиски појаки од нас. Нашето домаќинско работење ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, пишува во информацијата.
Преставникот на УСАИД, Бардил Марку, во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново село време зборуваше во суперлатив и ја нарече „успешна приказна”.