Онлајн информативна сесија за сезонска работа


Онлајн информативната сесија за сезонска работа ќе се одржи денеска, активност на Македонското здружение на млади правници во партнерство со Националнатa комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Северна Македонија преку проектот „Подигнување  на свеста за трговија со деца преку интернет и трудова експлоатација на сезонски работници во Северна Македонија поддржан од ГИЗ“.

Од МВР најавија дека на информативната сесија ќе учествува државната секретарка во МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска.

Главна цел на информативната сесија е подигнување на свеста во однос на ризиците од експлоатација и трговија со луѓе, информирање на работниците од таргетираните професии (земјоделство, градежништво и угостителство и туризам) во врска со нивните права при сезонска работа, како и воспоставување комуникација помеѓу институциите и синдикатите.

– Информативната сесија ќе биде од интерактивен карактер, наменета, пред се, за таргетирани професии–вршители на сезонска работа, синдикатите, локалните комисии, како и општата јавност. На неа ќе се обратат претставници на институциите и ќе бидат презентирани  неколку  теми  релевантни  по  однос  на  сезонската  работа  и  ризикот од експлоатација и трговија со луѓе, се посочува во најавата од МВР.