Околу 20 исчезнати во свлечиште во Јапонија


Огромен млаз од вода, предизвикан од обилните врнежи од дожд, предизвика свлечиште и уништи домови во Јапонија, јави ДПА.

Локалните медиуми јавија дека по инцидентот во Атами, во префектурата Шизуока, југо-западно од Токио, не се знае судбината на околу 20 лица.

Спасувачките екипи трагаа по исчезнатите, додава германската агенција.

https://twitter.com/Evatype__07/status/1411159156992606211?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1411159156992606211%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.rt.com%2Fnews%2F528283-japan-heavy-rain-landslide%2F

Во видео објавено на социјалните мрежи се гледа моментот кога огромното количество вода и кал минуваат низ Атами, уништувајќи неколку куќи, додека преплашените жители бегаат за да спасат животи.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга се состана со министерот за вонредни ситуации поради ситуацијата во Атами, а локалните власти побараа помош и од јапонската армија.

Поради покачувањето на нивото на локалните реки, властите во префектурата Канагава, јужно од Токио, им наредија на граѓаните веднаш да ја осигурат нивната безбедност, и издадоа највисоко ниво на предупредување и повик за евакуација.

Во последните 10 години, според официјалните податоци, во Јапонија има просечно годишно речиси  1.500 свлечишта, речиси двојно повеќе отколку во претходната деценија, а експертите оваа појава ја припишуваат на зголемените врнежи од дожд поради климатските промени.

Јапонската метеоролошка служба ја предупреди јавноста за нови свлечишта, поплави и надојдени реки.