Огромни бранови во Австралија, пет лица се удавија, двајца исчезнати

Пет лица се удавија откако силни бранови погодија делови од австралиското крајбрежје на почетокот на велигденскиот викенд, јавува Би-би-си. Две лица се уште се водат како исчезнати во државите Нов Јужен Велс и Викторија. Во саботата, телото на маж беше пронајдено во морето кај Татра, во јужниот дел на Нов Јужен Велс. Еден ден претходно, тројца мажи, меѓу кои и 58-годишен рибар, загинаа во таа држава.
Спасувачите трагаат по маж кој морето го однело кај Сиднеј. Во петокот, една жена се удави, а еден маж исчезна во Сан Ремо, Викторија, откако нивната група беше однесена во морето од бран. „Една од жените се врати на брегот, но другата жена и маж не успеаја“, соопшти полицијата на Викторија.
Powerful waves and rough seas have turned deadly across Australia. pic.twitter.com/QxsGXdPcvd
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 18, 2025
Премиерката на Викторија, Џасинта Алан, рече дека е ужасен почеток на Велигденскиот викенд. „Моите мисли се со семејството на човекот кој го загуби животот во вакви трагични околности и можно е да не чекаат уште полоши вести“, рече таа. Источниот брег на Австралија е погоден од опасни, високи бранови.
Адам Веир, шеф на Surf Life Saving Australia, ги советуваше туристите да ги посетуваат плажите што ги надгледуваат спасувачите. Податоците од таа организација покажуваат дека во последните десет години дури 630 луѓе се удавиле на плажите без надзор. „Брегот може да биде опасен. Некои закани се видливи, но некои не се. Затоа, имаме едноставен совет: застани, погледни, остан жив“, рече Веир.