Огромен пожар во рафинерија на „Шеврон“ близу Лос Анџелес

Пожар избувна синоќа во нафтената рафинерија на „Шеврон“ во Ел Сегундо, во близина на Лос Анџелес. Според локални медиуми, огнените јазици се гледале од километри.
Властите ги повикаа жителите да останат во своите домови. Според градоначалникот, пожарот утринава е локализиран и не претставува закана за јавната безбедност, а евакуации не биле наредени.
„Пожарот сè уште не е целосно изгаснат и патиштата остануваат затворени“, се наведува во соопштение.
Компанијата соопшти дека нема повредени и дека целиот персонал е безбеден. Системите за набљудување покажале дека огнот не се проширил надвор од територијата на постројката. Причината за пожарот засега не е позната.
Полицијата и противпожарните служби не дадоа дополнителни детали. Од кабинетот на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, информираа дека внимателно ја следат состојбата и координираат активности со локалните власти.
Ел Сегундо се наоѓа на 1,6 километри јужно од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Градоначалничката Карен Бас порача на „Икс“ дека аеродромот не е засегнат.
Рафинеријата работи од 1911 година и има капацитет за преработка на 290.000 барели сурова нафта дневно, вклучително бензин, млазно и дизел гориво, наведува компанијата.