Огромен одрон на кал затрпа воз во Австрија, 70 луѓе заглавени помеѓу две свлечишта
Обилни врнежи проследени со град погодија големи делови од Австрија. Во Горна и Долна Австрија, Тирол и Стирија улиците беа поплавени, а во Салцбург, лизгање на земја затрупа воз
Делови од Австрија и јужна Германија вчера беа погодени од силни поплави што предизвикаа бројни свлечишта, пренесува германски Билд. Свлечиште во близина на Салцбург затрпа воз и зароби луѓе во автомобили.

Воз во Салцбург заглави во огромна кал, а тамошните власти потврдија дека се повредени три лица, од кои едно потешко.
Особено се погодени регионите Пинцгау и Понгау. 70 луѓе беа заглавени во автомобили помеѓу две свлечишта. Популарната туристичка атракција со ссвоите 52 километри во должина веќе беше погодена неколку пати од поплави и лавини.

На југот на Германија, водата однесе мост па започна операција за спасување. Во Хоеллентаклам, четири лица беа спасени од водата.
Повеќе од 180 луѓе беа евакуирани, а пожарникарите излегоа на повеќе од 500 повици. Трасата и другите патишта во Пинцгау и Понгау се уште се затворени.