Официјално започна летото, денес е најдолгиот ден во годината

Денес е најдолгиот ден во годината, односно летната краткодневница која започна денес и ќе трае до 23 септември.. Тоа е т.н. летен солстициум. Некаде околу 4 часот по полноќ официјално започна летото. Веќе утре ден денот ќе почне постепено да се скратува, а ноќта да се продолжува.
Имено, во периодот околу краткодневицата, се чини како Сонцето кратко да застанува на патот кон север, пред да се упати назад кон југ. Овој астрономски момент означува пресвртница во движењето на Сонцето и почеток на промената на годишните времиња.За време на летната краткоденица, Сонцето е највисоко на небото и патува најдолго над хоризонтот. Можете да го набљудувате неговото изгрејсонце и зајдисонце на најсеверните точки на хоризонтот до кои достигнува во текот на годината.Причината за промена на годишните времиња, вклучувајќи ги краткодениците и рамнодениците, е тоа што оската на Земјата не е нормална на нејзината орбита околу Сонцето. Наместо тоа, таа е навалена под агол од приближно 23,5 степени. Овој наклон предизвикува количината на сончева светлина што ја прима секоја хемисфера да варира во текот на годината.Во јуни, северната хемисфера е навалена кон Сонцето, што резултира со подолги денови, повеќе директна сончева светлина и повисоки температури. Во исто време, на јужната хемисфера, 21 јуни го означува првиот ден од зимата, со најкраткиот ден во годината.Должината на дневната светлина за време на летната краткоденица зависи од вашата географска ширина. Колку повеќе се приближувате до Северниот Пол, толку подолго Сонцето останува над хоризонтот, што овозможува подолги денови и пократки ноќи.