Одбележување на Светскиот ден на борбата против псоријаза
Во организација на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, денеска со низа настани ќе се одбележи Светскиот ден на борбата против псоријаза, кој вообичаено се одбележува кон крајот на октомври.
Како што информираат од Универзитетската клиника за дерматологија-Скопје, во периодот од 11 до 13 часот на улица „Македонија“ кај споменикот на Мајка Тереза на минувачи ќе им се дели материјал за запознавање со оваа болест која опфаќа повеќе од 3 отсто од популацијата.
Од Клиниката информираат дека во 13 часот предвидени се изјави за медиуми.