Од Ковид-19 заболеа уште 81 пациент, активни се 525 случаи
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.