Од Ковид-19 почина млада медицинска сестра од Кичево


Фото: Б. Грданоски

Од Ковид-19 почина млада медицинска сестра, на возраст од 28 години, од Кичево, пренесува „Плусинфо“.

Станува збор за 28-годишна медицинска сестра од Општата болница во Кичево која поради компликации од корона вирусот во текот на вчерашниот ден ја загубила битката, оваа информација за порталот ја потврди директорот на општата болницата во Кичево д-р Станко Трпески.

Директорот д-р Трпески објаснувајќи ја ситуацијата на медицинската сестра со Ковид-19 појаснил и дека таа не била вакцинирана заради некои други здравствени причини.