Од корона вирусот почина уште еден доктор, д-р Ѓорѓи Денков


 

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ на својот Фејсбук профил извести дека денеска на 67-годишна возраст од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков.

Имено, ова е деветтата жртва од медицинската фела од почетокот на епидемијата од корона вирус.

Од Асоцијацијата апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот.

https://www.facebook.com/asocijacijanaspecijalizantiimladilekari/photos/a.1593712514203687/2749565398618387/?type=3