Од грип почина 20-годишна девојка – седма жртва


Фото: Б. Грданоски

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип. 

Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“. 

Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кој кон крајот на февруари и почеток на март. 

Инаку 1.675 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје.

 

Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.