Од големите горештини во Канада досега умреа 500 лица
Речиси 500 луѓе умреа од рекордни температури во најзападната провинција во Канада, а официјалните лица предупредуваат дека мрачниот данок од „топлинската купола“ може повторно да се зголеми, бидејќи се пријавуваат повеќе смртни случаи.
Во петокот, Британска Колумбија пријави дека во текот на изминатата недела биле пријавени 719 „ненадејни и неочекувани смртни случаи“ – тројно поголем број за сличен период во една типична година.
Обично во овој период има близу 230 смртни случаи
Официјалните лица предупредуваат дека веројатно ќе бидат потребни месеци за да се утврди точната причина за смртта на стотици жители, но тие велат дека топлината играла значајна улога во напливот на жртви, особено кај постарите лица во покраината.„Многу од смртните случаи во текот на изминатата недела беа меѓу постари лица кои живееја сами во приватни живеалишта со минимална вентилација. Во регионот на земјата навикнат на благи летни температури, заедниците беа принудени да најдат начини да им помогнат на ранливите жители да останат безбедни среде огромните жештини.
Но, регионалните официјални лица се соочуваат со сè поголеми прашања во врска со нивниот одговор на кризата. „Глобал њуз“ објави дека центарот за служби за итни случаи на Британска Колумбија – кој им овозможува на болничарите да бидат прераспределени во области со голема потреба – не бил активиран се додека не помина најлошото од топлотниот бран.