Од алое до шипурка: Еве кој чај одговара на вашата крвна група


Изберете топли билни пијалоци според вашето тело, советуваат експертите, бидејќи чаевите немаат ист ефект кај сите…

Фитотерапевтите, познавачите на билките и нивната употреба во лечење на разни болести, советуваат секој човек да внимава при нивното користење и слепо да не ги следи трендовите.

Ѓумбирот, црниот и зелениот чај станаа многу популарни и често се користат, а експертите предупредуваат дека сигурно не го постигнуваат истиот ефект кај сите.

Токму затоа препорачуваат барем кога е чајот во прашање, да ја имате на ум вашата крвна група.

Крвна група О
Луѓето со оваа крвна група се „месни“ типови и треба да избегнуваат млеко и глутен. Имаат ензими кои лесно ја варат исклучително силната храна, отпадоците и месото и друга храна од животинско потекло. Од друга страна, им недостигаат ензими за варење на житото, па не им се советува да користат леб и месо истовремено, бидејќи тоа доведува до стагнација во варењето. Иако добро се справуваат со стресот, тие страдаат од желудочна киселина.

ПОГОДНИ: чаеви на база на ѓумбир, женшен, зелен чај, магдонос, шипка, цвет од липа, глуварче.

НЕ ОДГОВАРААТ: чаеви направени од алое, кантарион, капина, пченкарна свила, сена.

Крвна група А
Луѓето со оваа крвна група се многу емотивни, живи со исклучително силен темперамент, склони кон стрес и имаат постојано високо ниво на кортизол, хормонот на стресот. За оваа група се препорачува фитотерапија која ќе ги смири и „олади“, ќе им помогне на слабите мукозни мембрани и ќе ја спречи склоноста кон настинување.

ПОГОДНИ: чаеви од јасмин, невен и мајчина душица, шипка, кантарион.

НЕ ОДГОВАРААТ: пченкарна свила, црвена детелина

Крвна група Б
Луѓето со оваа крвна група се тивки, мирни, повлечени. Тие сакаат да користат млеко и млечни производи во нивната исхрана. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактериите, пред се ешерихија коли.

ПОГОДЕН за: зелен чај, чај од магдонос, чај од глуварче,чај од нане, чај од мајчина душица, чај од лист од бреза.

НЕ ОДГОВАРААТ: црвена детелина, лист од кајсија, цвет од липа, подбел, русомача.

Крвна група АБ
Луѓето со оваа група ги земаат и најлошите и најдобрите особини од претходните две крвни групи, па затоа за неа се препорачува најширокиот сет на лековити билки.

Луѓето со оваа крвна група се интуитивни, не се склони кон стрес, но имаат намалено либидо. Тие треба да се фокусираат на посебни видови зелен чај, како и нане, божур, сандалово дрво. Мешавина од коприва и нане особено им се препорачува на мажите со оваа крвна група.

ПОГОДНИ: чај од трн, чај од камилица, чај од сладунец, зелен чај, чај од нане, чај од ѓумбир, чај од јагода, чај од камилица.

НЕ ОДГОВАРААТ: чаеви од алое, црвена детелина, црница, цвет од липа, сено, сикамор, пченкарна свила, хмељ.