Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје
Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје. Како што соопштија вчера од компанијата ЕВН, семафорите нема да работат оти овој дел од градот ќе биде без струја.
Од ЈП „Улици и патишта“, која е надлежна да ги регулира семафорите, го повикаа Министерството за внатрешни работи да го регулира сообраќајот.
„МВР да не дозволи да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, велат од претпријатието.
Тогаш градоначалничката Данела Арсовска и Министерството за внатрешни работи преку соопштенија до јавноста се искараа и се обвинуваа меѓусебно кој е крив за блокираат град.