Од 12 објекти со важечка лиценца до сега три не исполнувале минимум технички услови

Од 12 објекти со активна важечка лиценца, три не ги исполнувале минимум технички услови и на нив ќе им биде оземена дозволата за работа, информираше денеска влчадината портпаролка Марија Митева на задничка прес конференција со директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и директорот на ГОБ „8 септември“ д-р Синиша Стојановски. Таа рече дека контролите ќе продолжат и во текот на денот се можни и нови информации.
Надоврзувајќи се на вчерашната прес конференција на која што соопшти дека на 16 и 17 овој месец државните пазарни инспектори спровеле педесетина контроли во објекти на целата територија на државата при што повеќе од половината објекти или имале лиценци со измината важност, или немале никаква лиценца, а за некои нема никакви податоци, односно дека 22 објекти имале лиценци, а 15 лиценци биле со истечена важност. за некои објекти немало никакви податоци.
Денеска Митева дополни дека последните инспекции потврдиле сериозни регулаторни прекршувања.
„Доказите се јасни. Од вчера направената контрола на 12 објекти со активна важечка лиценцца до овој момент три од нив не исполнуваат минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност“, рече Митева додавајќи дека за останатите девет објекти контролите се уште се во тек, односно проверката на документацијата и во текот на денот ќе се излезе со дополнителни информации.
Таа рече дека веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби кои што се возможни согласно закон ќе бидат превземени.
„На терен во секој момент овие денови се над десет тима кои вршат контрола и во текот на денешниот ден, а ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. Ќе се проверат сите до детал. Сакам да ја информирам јавноста дека е направен и план за проверка на оние кои немаат важечка лиценца а работеле во минатото“, рече Митева.
Таа посочи дека она што се случи во Кочани не е излолирана трагедија туку е „симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција“.
„Ниту ќе замижуваме, ниту ќе заштитуваме. Луѓето бараат правда и ќе ја добијат“, рече таа.
Одговоарајќи на прашање на новинарите кои се тие објекти и од кои градови, Митева рече дека би сакала тоа да го сподели, но ги нема тие информации.
На прашањето што ќе се прави со оние локали кои работеле без лиценца, а според некои информации газдите на таквите диви дискотеки го растргнуваат ентериерот за да нема докази дека работеле, Митева рече дека дополнително сите ќе бидат проверени, дури и оние кои што немале лиценца, а кои што вршеле работа и оние кои што имале и ја извршувале.
Во однос на капацитетот на ДПИ да ги спроведува контролите, Митева појасни дека тимовите се составени покрај инспектори на ДПИ, така и од припадници на МВР, градежни инспектори, трудови инспектори, инспекторите од УЈП, финансовата полиција, односно како што рече, „сите институции кои што може да дадат било каков придонес за да бидеме дека се исполнети минималните технички услови“. (М.Ј.)
На истата тема:
За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци