Од 11 до 17 часот не излегувајте надвор!

Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и сè подолги и потопли, а ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува, алармираат од Институтот за јавно здравје, од каде ги споделија препораките за справување со топлината.
Избегнување на изложување на сонце
Соодветен третман при изложување на сонце
Изберете поладна и пократка рута до крајната дестинација. Кога сте на директна сончева светлина, по ваша проценка, покријте го видливиот дел на телото носејќи светла и широка облека и очила со УВ заштитен фактор.
Редовно нанесувајте крем за сончање со најмалку 30-заштитен фактор (по потреба, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт). При нанесување на крем за сончање, покрај нанесување на лицето, не ги запоставувајте и други откриени делови на телото, деколтето, ушите и вратот. Покријте ја главата со капа која ќе овозможи комплетна засенченост на ушите, носот и вратот, или, користете чадор со бела боја. Исто, лепезата може да биде добра алатка во справувањето со топлината.
Не заборавајте да правите редовни паузи во затворени простории или во засенчени места за да избегнете топлотна исцрпеност или топлотен удар.
Можете да понесете со себе спреј со вода или шише со вода и повремено да прскате или мануелно (рачно) да нанесете. Алтернативно, да ставате ладни облоги.
Измијте ги рацете, вратот и нозете почесто. Изложувањето на вода на овие регии ќе придонесе за брзо и ефикасно ладење.
Споделија и совети за постарите лица!