Од 1 мај струјата во Србија поскапува за 8 отсто, а гасот за 10 отсто


 

Струјата во Србија од 1 мај годинава поскапува за осум отсто, а гасот за десет отсто, одобри Советот на Агенцијата за енергетика (АЕРС).

Просечната цена на електричната енергија за корисниците кои имаат право на гарантирано снабдување по регулирани цени (домаќинства и мали потрошувачи) ќе изнесува 9,50 динари за киловат час (kWh) без даноци и такси или 13,31 динари за kWh со даноци и такси и повисоки споредено со постојната просечна цена за осум проценти.

Агенцијата наведува дека и по таа корекција, цената на електричната енергија за гарантирано снабдување во Србија, без такси и даноци, се уште е една од најниските во Европа.

Советот на АЕРС даде согласност за одлуките на органите на управување на 31 јавен снабдувач со гас за поскапување на тој енергенс, а просечната цена од 1 мај годинава ќе биде за десет отсто повисока.

Така, гасот ќе чини 4,13 динари за kWh без даноци и такси или 4,55 динари за kWh со даноци и такси.

Агенцијата наведува дека и по тоа зголемување на цената, просечната цена на природниот гас за јавно снабдување во Србија ќе биде една од најниските во Европа, без такси и даноци.