Обуката за идните сопственици на кучиња ќе стане задолжителна во Австрија

Од средината на 2026 година, идните сопственици на кучиња во Австрија ќе мораат задолжително да посетуваат курс за обука, објави меѓународната канцеларија на општина Виена.
Досега, ова правило важеше само за жителите на главниот град кои сакаат да регистрираат куче, а не поседувале куче во последните две години.