„Облекувајте се соодветно“: Миланска „Скала“ го заостри својот дрес- код

Миланска „ Скала“ го заостри својот дрес код, забранувајќи им на посетителите да носат шорцеви и маички со качулка за време на претставите во една од најпознатите оперски куќи во светот.
„Ја молиме јавноста да се облекува соодветно, од почит кон театарот и другите посетители“, напиша оперската куќа на својата веб-страница. „Луѓето кои носат шорцеви или маички со качулка нема да бидат дозволени во аудиториумот, во кој случај билетите нема да бидат вратени.“
Постарата публика е „проблем“
Вработените во „ Скала“ изјавија дека, како и претходно, не е задолжително жените да носат вечерни фустани или мажите да носат вратоврски, и дека ќе бидат прифатени и традиции од други земји, како што е јапонското кимоно, кое традиционално се носи со сандали. Маиците со отворени рамена исто така нема да бидат дозволени.
„ Скала“, која може да прими околу 2.000 луѓе, е една од најпознатите туристички атракции, а многу туристички агенции вклучуваат оперски претстави во своите програми. Во последниве години, стана потолерантна кога станува збор за облеката со цел да се привлече помлада публика, но се покажа дека постарата публика, честопати од странство, е таа што се облекува несоодветно.