Облачно со пороен локален дожд и грмежи

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 14, а максималните ќе достигнат од 20 до 28 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 28 степени.
Во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.