Објавена листата на најдобрите фудбалски лиги и клубови на светот, еве кој е на врвот
Компанијата ОПТА која се занимава со спортска аналитика го објави рангирањето на најдобрите светски фудбалски лиги и клубови пред почетокот на новата сезона.
Според нивните анализи, Премиер лигата е најсилна во светот, а потоа следат Бундеслигата, Шпанската, Италијанската и Француската лига. Белгиската, швајцарската, португалската, холандската и бразилската лига исто така влегоа во топ 10.
Што се однесува до најдобрите клубови во светот, во пресрет на сезоната јасно е дека на прво место е Манчестер Сити, кој освои се што можеше да се освои минатата сезона. На второто место е Баерн, а потоа следуваат Ливерпул, Лајпциг и Реал Мадрид. Кај клубовите од регионот, Црвена звезда е на 31. место, а кај хрватските, Динамо е на 50. место, додека Хајдук е на 70. место.
Најдобрите светски лиги
1. Англија
2. Германија
3. Шпанија
4. Италија
5. Франција
6. Белгија
7. Швајцарија
8. Португалија
9. Холандија
10. Бразил
Најдобрите клубови
1. Манчестер Сити
2. Баерн
3. Ливерпул
4. Лајпциг
5. Реал Мадрид
6. Арсенал
7. Интер
8. Наполи
9. Манчестер Јунајтед
10. Борусија Дортмунд