Ковачевски се сретна со премиерот на Емиратите, разговарале за инвестиции


 

Напорите на Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза и важноста од нови инвестиции за земјава, беа меѓу темите на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум.

Како што соопшти владината Прес-служба, по средбите со раководствата на инвестициските фондови во рамки на посета на ОАЕ, премиерот Ковачевски во разговорот со Ал Мактум, кој воедно е и министер за одбрана, рекол дека двете земји имаат добри односи со со потенцијал за уште поголема соработка.

На средбата стана збор за напорите кои ги прави Владата за ублажување на последиците од енергетската криза, за важноста од нови инвестиции за нашата земја во услови на економско-енергетска криза, како и за важноста од поддршката од Фондовите за развојни проекти што ќе значат стимул за домашната економија.

„Беше констатирано дека ОАЕ гледаат потенцијал за инвестиции во нашата земја и тоа во обновливи извори на енергија, агробизнис со фокус на производство на храна, туризам и инфраструктура“, се додава во соопштението.

Оваа средба е продлабочување на натамошната соработка и продолжување на разговорите со инвестициските Фондови на Абу Даби за реализација на развојни инвестициски проекти.