До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст


Фото: Б. Грданоски

Следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст,  информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. 

УХМР  за утре најавува минимална температура од -1 до 7 степени, а дневната од 14 до 26 степени.