Новинарката Овсијаникова отруена во Франција ?
Париз– Новинарката на руската државна телевизија, кој во живо го осуди нападот на Владимир Путин врз Украина, можеби е отруена во Франција.
Марина Овсијаникова повика брза помош и беше хоспитализирана во четвртокот, откако ненадејно и се слоши додека го напушташе својот стан во Париз и рече дека се сомнева дека е отруена, соопшти канцеларијата на париското обвинителство.
Полицијата го испитува нејзиниот стан и истрагата е во тек, додаде обвинителството.
Овсијаникова стана глобално позната кога во март минатата година упадна за време на директен пренос на информативната програма Време, држејќи натпис зад водителката на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат“. Таа, исто така, скандираше „Стоп за војната“.
Организацијата за набљудување на медиумите Репортери без граници, која и помогна на Овсијаникова да избега од Русија и да се насели во Франција, рече дека нејзиниот тим бил „на нејзина страна“ откако таа побарала лекарска помош.
Немаше дополнителни информации за тоа што се случило.
На почетокот на овој месец, судот во Москва ја осуди на осум и пол години затвор во отсуство поради ширење лажни информации за руската армија. (Телеграф)