Нови земјотреси утрово во Битола, урната една постара куќа, паднати балкони


По неколкуте земјотреси кои вчера ја исплашија Македонија, тлото не престана да се тресе ни во текот на ноќта. Најсилниот во текот на ноќта беше со јачина од 3,2 степени, а беше регистриран во 2:32 часот.

Утрово нов потрес во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според Рихтер.

Според информациите на ЕМСЦ утрово пред еден час се почувствувал нов земјотрес во Битола.

Истиот бил со јачина од 2.8 степени по рихтер на 15 километри од Битола.

По силниот земјотрес доцна синоќа во 22:44 часот со јачина од 5,6 степени, голем дел од граѓаните на Битола ги напуштија своите домови.

По силниот земјотрес кој вчеравечер ја стресе земјава, се сруши балкон на стара и напуштена куќа во Битола.

По земјотресот, Битола остана без телефонска и интернет мрежа, а битолчани ноќта ја помина надвор пред своите домови и згради.