Нови емотикони на Фејсбук за корона вирусот: Покажете дека ви значи
На Фејсбук се појавија можности за нови рекации поврзани со пандемијата на коронавирусот.
Покрај лајкови, срца и други емотикони, Фејсбук сега додава реакции што укажуваат дека на лицето му значи, односно е загрижено.
Реакцијата ќе вклучува емотикон што го грее срцето, а од компанијата велат дека се надеваат дека реакцијата ќе им овозможи на луѓето да се чувствуваат повеќе поврзани со семејството и пријателите, од кои моментално се одвоени. Новата реакција доаѓа и кај Месинџер, но ќе изгледа малку поинаква, во форма на пулсирачко виолетово срце.
Инаку , компанијата се соочува со голем проблем од почетокот на пандемијата , а тоа е ширењето на лажни вести преку оваа платформа.
Како резултат, од „Фејсбук“ објавија дека дезинформациите за корона вирусот ќе ги бришат и ги предупредија сите со прикажување на порака ,,Добијте ги фактите за информации со линк до страницата на СЗО каде што би можеле да се најдат вистински информации за пандемијата’.
Поради пандемијата, Фејсбук исто така забележа значителен раст, но тоа не влијае на финансиската добивка поради негативното влијание на пандемијата врз дигиталните реклами.