Нови девет случаи со Ковид-19, нема починати


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се девет нови случаи на Ковид-19.

Во:

• Скопје – 4

• Тетово – 4

• Кичево – 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од:

• Скопје – 17

• Тетово и Охрид – по 9

• Кичево – 8

• Битола, Прилеп и Кавадарци – по 2

• Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.