Новак Ѓоковиќ играше тенис на Тајмс Сквер, „против“ децата од Харлем


Њујорк-Новак Ѓоковиќ, синоќа, без многу мака се пласираше во третото коло од УС Опен и со 3-0 славеше над Шпанецот Запата Миралес, по сетови 6-4, 6-1, 6-1.

Интересен двобој се очекува во следното коло, каде Ѓоковиќ ќе се соочи со својот сонародник, Ласло Ѓере. Србинот со унгарско потекло во второто коло го елиминираше Хуго Гастон од Франција. 

На Јутјуб се уште се актуелни промотивнте активности на тенискиот ас, при пристигнувањето во Њујорк, додека играше тенис на Тајмс Сквер.

https://youtube.com/shorts/_CZQBtebmp8?si=STx_AMsdHtNG9Edh

Еден од спонзорите на Новак, компанијата Waterdrop, го организираше настанот и изгради импровизиран тениски терен, каде Новак играше против децата од Харлем.

Запрашан како се чувствува кога игра тенис на Тајмс Сквер, тој рече: „Многу добро“.

https://youtube.com/shorts/wNKt6U4uNfg?si=a7HljmlRCsS6Po1S