Нова мапа на светот: Македонија – окер, Србија портокалова, Хрватска и Црна Гора во црвено


Американки Њујорк тајмс, на својата нова мапа на светот на која го следи ширењето на корона вирусот во светот Македонија ја означи со окер боја, што значи дека во последните две недели состојбата е речиси иста.

Затоа пак, од земјите во регионот Србија е портокалова, со слаб пораст на бројот на заразени, а Хрватска и Црна Гора се во црвено, што значи дека бројот на нови случаи е значителен.

На мапата на Њујорк тајмс земјите се класификувани спотед стапката на пораст на бројот на нови случаи во последните 14 дена, па иако некои земји имаат низок број на заразени, се смета процентот на пораст на новозаболени во последните денови.

Во портокалова боја, како и Србија означени се и Романија, Босна и Херцеговиниа, Бугарија и Албанија.

Меѓу европските земји во пад е бројот на новозаболени во Велика Британија, Полска и во грција, при што се означени со сина боја, а Франција и италија се означени како земји со стабилен пораст на новозаболени.

Во светот со црвена боја означени се Мароко, Киргистан, Екваторијална Гвинеја и Малави.

Весникот забележува дека епидемијата стивнува во некои земји каде на почетокот беа тешко погодени, но предупредува дека бројот ан нови случаи расте побрзо ширум светот, со оглед на тоа дека дневно се бележат по повеќе од 100.000 нови случаи.

Наведуваат дека во последните две недели порастот на бројот на нови случаи е забележан во речиси двојно повеќе земји од оние кои пријавиле пад, што е последица на жариштата во латинска Америка, Африка, Азија и на Блискиот Исток.