Нова корона-карта, цела Хрватска во црвено


Стигна новата корона-карта на Европа, а на неа се гледа дека цела Хрватска е во црвено, како и поголемиот дел од западна Европа.

Поголемиот дел од Скандинавија остана во портокалово, а средишна Европа е зелена.

Според хрватските медиуми, тоа што нивната земја е цела во црвено се должи на се поголемиот број новоазаразени, што во последната недела порасна за 50 отсто. Така, вера беа забележани 1.237 нови случаи, додека минатата среда имаше 805.

Црвената боја значи 14 дневна стапка од 75 до 200, со удел на позитивните поголем од четири отсто, како и подрачја каде стапката е 200 до 500 за период од 14 дена, а темноцрвена значи дека во 14 дена има стапка поголема од 500.