Нов случај на труење со лекови: Десетмесечно бебе хоспитализирано во Куманово


Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово.

– Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, соопшти СВР Куманово.

Од болницата потврдуваат дека бебето е во добра здравствена состојба.

СВР Куманово работи на расчистување на случајот, кој е втор за неполни две недели. На 22 јули годинава имаше сличен случај кога едногодишно дете од липковското село Отља исто така беше затруено со лекови.