Нов мобилен мамограф за Здравствениот дом Неготино, донација од Бугарија
Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска донираше мобилен мамограф на одделот за онкологија на Здравствениот дом во Неготино. Донацијата е во рамки на проектот „Јакнење на капацитетот за мамографски скрининг“, чија цел е намалување на смртноста од рак на дојка кај жените во Македонија преку зголемување на стапката на рано откривање.
Средствата за набавка на мамографот во вредност од 140.000 евра се одвоени од Владата на Бугарија во рамки на Оперативната програма за развој.
„Превенцијата и раната дијагноза се многу важни, особено во помалите населени места, каде што пристапот до здравствена заштита е поограничен. Здравјето на луѓето е најважно, затоа ќе продолжиме да работиме заедно на полето на здравството. – истакна министерката Генчовска.
Клиниката е на второ место по Скопје по дијагноза на рак на дојка – изјави д-р Иван Иванов – специјалист по радиодијагностика во центарот и рече дека мамографот ќе се користи за дијагноза бидејќи има многу патологија.
Министерот за здравство, Беким Сали, истакна дека донираниот мобилен мамограф е важен за овој регион, бидејќи здравствениот дом го покрива поголем регион.
„Ја приближуваме оваа дијагностичка процедура до жените и во помалите населени места и фокусот го ставаме на превенцијатата, зашто навременото дијагностицирање на канцер на дојка спасува живот. Воедно преземаме активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка“, истакна министерот Сали.
Предноста на овој мамограф е што е пренослив и согласно потребите ќе биде ставен на располагање за жените и од други помали населени места.
