Норвешка ја одложува одлуката за употреба на вакцината „АстраЗенека“


 

На Норвешка и треба повеќе време да процени дали да продолжи да ја користи вакцината „АстраЗенека“ или да ја исклучи од програмата за вакцинација, рече во четвртокот министерот за здравство, Бен Хоje.

Норвешкиот институт за јавно здравје препорача да се запре употребата на „АстраЗенека“, но на владата и требаат повеќе информации пред да се донесе конечна одлука, рече министерот за здравство.

Норвешките власти ја прекинаа вакцинацијата со „АстраЗенека“ на 11 март откако мал број вакцинирани млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крварење и ниско ниво на тромбоцити, а некои починаа.

„Владата верува дека немаме доволно добра основа да постигнеме конечен заклучок дека вакцината „АстраЗенека“ треба да се отстрани од норвешката програма за вакцинирање во овој момент“, рече Хоје на прес-конференција.

Владата ќе назначи комисија за понатамошно анализирање на сите достапни податоци и доставување извештај до 10 мај, додаде министерот.