Норвешка алипинистка искачи шест врвови над 8.000 метри за 29 дена
Последниот од врвовите што ги искачија Кристин Харила и двајца шерпаси е Макалу
Норвежанка, која сака да ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри за најкусо време, денеска успешно се искачи на планината Макалу поставувајќи рекорд со двајца колеги алпинисти за најбрзо искачување на шест планини над 8.000 метри.
Кристин Харила од Норвешка, Пасдава Шерпа и Дава Онгџу Шерпа од Непал комплетираа шест планини со најбрзо искачување досега, соопштија организаторите на експедицијата.
Пемба Шерпа, управен директор на „8К експедиција“, сподели дека Кристин, 36-годишна професионална спортистка од Норвешка, заедно со двајца колеги шерпаси застанале на врвот на планината Макалу во 9:50 часот.
Според Шерпа, Кристин била придружувана од Пасдава и Дава Онџу до самиот врв.
Тројца планинари се искачија на Монт Еверест и Лоце во понеделникот, комплетирајќи пет планини над 8.000 метри за само 24 дена, додаде тој.
Кристин се искачи на планината Канченџунга, третиот највисок врв во светот, на 14 мај. Таа, исто така, се искачи на планината Даулагири, седмиот највисок врв во светот, на 8 мај.
На 28 април, Кристин се искачи на планината Анапурна I, десеттиот највисок врв во светот, започнувајќи ја својата мисија да ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри за само 6 месеци.
„Кристин заедно со Пасдава и Дава Онџу го поставија рекордот за најбрз качувач кој се искачи на шест планини за само 29 дена“, рече Шерпа. Нејзиниот тим, исто така, собори еден од рекордите за најбрзо искачување на Нирмал Пурџа, кој се искачи на пет врвови над 8000 метри за 29 дена, тврди Шерпа. „Тие стигнаа до шест врвови за 29 дена“, додаде Шерпа.
Во мај 2021 година, Кристин постави светски рекорд и стана најбрзата жена што ги искачила Монт Еверест и Лоце за помалку од дванаесет часа. Оваа сезона Кристин го собори сопствениот рекорд и стигна до врвот на Еверест и Лоце за само девет часа, додаде Шерпа.
„Експедициите и успехот на Кристин во претходните обиди ја инспирираа да се впушти во нејзиниот последен предизвик, ‘Бремонт 14 врвови’, монументален напор да стане првата жена во историјата и втората личност која некогаш ги искачила сите 14 врвови над 8.000 метри за помалку од шест месеци“, се вели во извештаите.