Ноември со натпросечни температури
За време не викендов се очекува влажен бран кој ќе донесе пообилни врнежи од дожд кои би требало да престанат некаде во недела. Новото разведрување во првиот понеделник од ноември ќе се задржи до средина на идната недела кога повторно се очекуваат врнежи. Идната недела ќе имаме неколку дена со температура над 20 степени, а најниските утрински ќе се движат околу 5 степени.
Постудени денови може да се очекуваат кон средината на ноември. Тогаш се најавува променливо време но без многу врнежи со температури кои на дневно ниво ретко ќе надминуваат десетина степени додека утринските и натаму ќе се задржуваат во позитива.
Првиот мраз се очекува во втората половина од ноември но и натаму дневните температури нема да бидат многу ниски и во некои денови ќе надминуваат и 10 степени. Утринските ќе одат под нула но само неколку степени.

Интересно е што ноември минатата година бил уште потопол од она што се предвидува за овој ноември. Архивите покажуваат дека во првата недела од ноември лани температурите надминувале и 25 степени. На пример на 1 ноември лани во Скопје биле измерени 25 степени, наредниот ден температурата се искачила до 24 степени.