Невидена почит! Јапонски одбојкар „одлизга“ за да се извини (видео)
Потегот на јапонски одбојкар стана вирален, по неговата реакција, откако не сакајќи со топката погоди членка на линиските спортски работници.
Тој, веднаш се затрча и на стомак се лизна под мрежата, пред нејзините нозе, за да се поклони и да ја наведне главада за да искаже колку му е жал.
Коментарите од цел свет изразуваат воодушевување од понизноста и спремноста да се искаже почит и извинување кога ќе згреши човек, без разлика дали тоа е намерно или не.
Погледнете: