Неверојатните апсурди на пропагандата на Москва
Понекогаш изгледаат целосно апсурдни и неверојатни пропорциите на воената пропаганда што ги користат Русите. Како што пренесува британски Би-Би-Си, тие објавиле видео од кукла на една од телевизиите, тврдејќи дека тоа е кулиса што Украинците ќе ја искористат за да докажат непостоечки воени злосторства.
Но, се покажа дека тоа е извадок од телевизиска серија снимена во околината на Санкт Петербург.
Видеото го објави државната телевизија Росија 24, со коментар дека „очигледно е обид да се прикаже куклата како мртво тело во Украина“. Репортерот „појасни“ како Украинците често користат кукли за да покажат лажни трупови, додавајќи дека таквите снимки се шират преку социјалната мрежа Телеграм, но не дадоа никакви докази.
Телевизијата набрзо ја отстрани снимката, а директорката Надежда Колобаева на Фејсбук напиша дека видеото не е направено во Украина, туку е снимено на 20 март во Всеволожск.
Таа додаде дека двете лица кои се гледаат на видеото како ја носат куклата се координаторот на статистите и неговиот помошник, а откри и дека куклата се вика Албертик.
Россија 24 се уште официјално не се огласила, пишува Би-Би-Си.