Неверојатната Франција продолжува да гази: Го победи силниот домаќин за првото место


Франција повторно ја покажа својата моќ на Европското првенство.

Франција продолжува со својата совршена серија на Европското првенство. По убедливите победи против Чешка и Украина, актуелните европски шампиони безмилосно поминаа низ Норвешка (38:34), оставајќи ги домаќините без никаква вистинска шанса.

Веќе во првото полувреме, Французите покажаа разлика во класата. Тие постигнаа дури 20 гола против екипа која важеше за еден од скриените фаворити пред првенството, и тоа пред норвешката публика. Во продолжение, домаќините се обидуваа да ја фатат врската и во неколку наврати ја намалуваа негативата, но секој пат кога се приближуваа на три гола негатива, Франција го зголемуваше ритамот и брзо ја гаснеше секоја надеж.

Франција оди во втората рунда со максимален учинок и како првопласирана во групата, додека Норвешка продолжува од второто место.