Неверојатна лековитост: Никогаш не флајте ги стебленцата од јагодите

Кога јагодите се во сезона, тие се на нашето мени секој ден.
Но, сигурно никогаш не сте помислиле дека можете да користите дури и стебленца од јагоди и дека тие се многу корисни. Имено, иако апсолутно сите ги фрламе, бидејќи мислиме дека немаат хранлива вредност и дека всушност се отпад како семки, можете да ги консумирате.
Чајот од стебленцата од јагода е одличен за дијабетичарите, освен што помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта, тие се полни и со витамин Ц. Листовите од јагода се одлични за нервниот систем, го зајакнуваат и можат да помогнат во забавување на деменцијата и стареењето на мозокот. Чајот е одличен за имунитет, особено поради неговите својства за прочистување на крвта.
Кои се сите корисни ефекти?
Чаевите направени од стебла и листови од јагоди, како и од самите јагоди, го зајакнуваат нервниот систем и делуваат против стресот, го намалуваат заморот, помагаат при депресија, крвни заболувања, а се користат и за подобрување на состојбата на бубрезите во случај на нефритис. И многу повеќе…
За превенција и третман на рак
Користете стебла од градинарски јагоди, а уште подобро – од шумски јагоди. Една кафена лажичка сечкани стебла прелијте ги со чаша врела вода. Оставете го чајот да остане покриен 20 минути. Овој пријатен и многу лековит напиток пијте го три пати на ден! Тоа е моќно средство против онколошки заболувања.
За помладо лице
Стеблата и листовите на градинарските и шумските јагоди ја подмладуваат нашата кожа. Мешани, се користат за подготовка на маски за нега на лице и врат.
За погуста коса
За подобар раст на оштетената коса, се користи кашеста маса од мешани листови и стебленца јагода, со додавање на сок од каланхое и ајдучка трева.
Чајот кој експертите го препорачуваат за употреба е многу едноставен за подготовка, а што е уште подобро е што овој чај буквално го имате бесплатно кога веќе сте купиле јагоди.
Подготовка:
Во 3дл зовриена вода ставете една лажица сечкани стебленца и оставете да отстои 20 минути. Препорачливо е да го пиете 2-3 пати на ден, бидејќи покрај горенаведеното, одличен е и за стомачни заболувања, анемија и делува на покачен холестерол. Јагодите сами по себе го забавуваат стареењето и го забрзуваат метаболизмот, а чајот е уште поефикасен во овој поглед.